fbpx
Вести

Зголемен откуп и продажба на земјоделски производи

 

zgolemen otkup i prodazhba na zemjodelski proizvodi

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1,2 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11,6 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 21,9 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули, додека во август и септември е забележано опаѓање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close