fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нуредини: Ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории.

-Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии, изјави Насер Нуредини.

Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.

-Што сме направиле ние досега. Ние претходно сме давале субвенции за инвертери итн., но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да преземаt мерки ако има поголеми загадувања во тие општините. Тоа е реалност, ние за жал сме во енергетска криза не само во државата, туку и во цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close