
Агро бизнисВестиТоп вести
Неколку деца се тешко повредени во сообраќајка кај Царев Двор
Возач бил 17 годишно момче
На 03.07.2025 во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во с.Царев двор, патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.