Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Серафимовски денеска отиде во Дабиље меѓу земјоделците погодени од невремето

Ги согледавме последиците врз градинарските култури и пластениците.

Министерот за земјоделие Борче Серафимовски денеска во посета на Струмичкиот регион меѓу земјоделците погодени од невремето.
-Заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денес ги посетивме земјоделските површини во селото Дабиље, погодени од вчерашното невреме. Разговаравме со земјоделците и ги согледавме последиците врз градинарските култури и пластениците.
Од производителите добивме конкретни информации за состојбата на нивните површини и за влијанието на невремето врз тековното градинарско производство. Нивните укажувања се важни за да се добие целосна и реална слика за штетите врз земјоделството во овој дел од струмичкиот регион.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на своите надлежности, внимателно ја следи состојбата со земјоделското производство и останува во постојана комуникација со земјоделците и локалната самоуправа, објави Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button