Африканска свинска чума се шири низ Европа

Африканската свинска чума сериозна закана за македонското свињарско производство.

Агенцијата за храна и ветеринарство на сите сточари кои чуваат свињи без разлика дали една или имаат фарма им наложи да преземат безбедносни мерки за да се спречи евентуална појава и ширење на болеста која е потврдена во соседна Бугарија во реонот на Варна но и во други Европски земји.

Африканската свинска чума не е опасна за човекот но спаѓа во групата на болести кои предизвикуваат огромни економски загуби. За оваа болест нема вакцина и каде ќе се појави на цели фарми мора да им се уништи стоката во целост.

Болеста се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектори односно преку крлеж.

Најсериозна закана е за оние домаќинства во селата кои чуваат макар една свиња а особено ризична група се свињи кои се пуштаат слободно да шетаат.

Бидејќи еден од главните начини на ширење на африканската свинска чума се дивите свињи од агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до сите ловџии ако најдат угинато животно тоа да го пријават и по одењето на лов најмалку 48 часа да немаат контакт со место каде се чуваат свињи.

На добиточните пазари ќе се воведе строга контрола на продажбата на добитокот а се воведува и забрана за продажба на стока надвор од пазарите.

Големите фарми треба да ги подигнат биосигурносните мерки и како дел од акцискиот план од 1 јануари 2020 да можеме да извезуваме свинско месо во земјите од Европската унија.


 

kanal5

Share Button