Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Агроефодиа“ го повлече предлогот за стечај на ЗК „Пелагонија“ Битола, соопшти судот во Битола

На телефонско прашање на „Независен“ зошто „Агроефодиа“ од Василево го повлекла предлогот за стечај кратко одговорија: „Немаме коментар“.

БИТОЛА – Повлечен е предлогот за отворање стечејна постапка во ЗК „Пелагонија“ – Битола соопшти Основниот суд во Битола. Предлогот за повлекување на стечајната постапка бил токму на фирмата доверител „Агроефодиа“ од Василево.

 

 

Оваа македонска компанија од Струмичко е специјализирана за производство, увоз и продажба на ѓубрива за земјоделството.

На телефонско прашање на „Независен https://nezavisen.mk/firmata-od-vasilevo-go-povleche-predlogot-za-stechaj-na-zk-pelagonija-bitola/ “ зошто „Агроефодиа“ од Василево го повлекла предлогот за стечај кратко одговорија: „Немаме коментар“.

 

 

Според јавно достапни информации сопственик на „„Агроефодиа“ е Друштво со ограничена одговорност „Интерцом емпорики лимитед“, со краен сопственик од Кипар, а управител е битолчанецот Томе Гагачев.

Фирмата „Агроефодиа“ од Василево побаруваше наплата на долгот од 48 милиони денари. Берзата го стави ЗК „Пелагонија“ на „Листата за набљудување“, но сега Основниот суд Битола потврди дека на 22 октомври донесе решение за повлекување.

„Претходната постапка за поведување на претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка поведена со решение од 5.10.2026 година, на овој суд над должникот ЗК ‘Пелагонија’  АД Битола е запрена. Мерките за обезбедување изречени со решение од 5.10.2026 година на овој суд се укинати и рочиштето поради изјаснување по предлогот за отворање стечајна постапка закажано за 5.11.2026 година, е откажано“, соопшти Основен суд Битола.

„Агроефодија“ покрај побарувањето во износ од 48 милиони денари имаше наведено плус камата и трошоци.

Сега на веб-страната на Македонска берза нема ново известување за ЗК „Пелагонија“, освен податокот дека на 19 октомври комбинатот е ставен на листата за набљудување, „поради поведена претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка“.

ЗК „Пелагонија“ – АД Битола е акционерско друштво со мешовита сопственичка структура, каде што акциите се поделени меѓу неколку правни лица (компании) и физички лица. Доминира фирмата „Орка Холдинг“ поврзана со бизнисменот Орце Камчев.

ЗК „Пелагонија“ е еден од најголемите земјоделски комбинати во државата, со обработка на големи површини под пченица, јачмен, сончоглед, пченка за силажа. Има фарми со крави и овци во селата Логоварди и Кременица.

Поврзани новости

Back to top button