Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Агрометеоролошка прогноза за следната недела

Повторното заладување во наредната седмица треба да им овозможи на земјоделците оптимални услови за изведување на работи на отвоено, но и намален страв од било какви штети од измрзнувања.

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  12.03.2021 год.

Временските услови во текот на изминатата седмица им одеа во прилог на земјоделците, особено овоштарите, кај кои во овој момент опасноста од продолжување на обновувањето на вегетацијата е нај изразена. Пониските дневни температури не дозволија продолжување на овие процеси барем кај овошките во реоните со поголеми надморски височини.

Опасноста од постигнување на негативни минимални температури во наредниот период е се уште голема, заради тоа што скоро никаде не се поминати просечните датуми на последна појава на мраз во пролет, освен во Дојран.

Земјоделците треба да знаат дека температури од -4 оС се критични за фазата на затворен цвет и -2 оС во фаза на отворен цвет кај коскестите видови.

Последните врнежи од средината на седмицата беа повеќе од добредојдени за растворање на минералните ѓубриња кои беа аплицирани деновиве кај есенските посеви.

Повторното заладување во наредната седмица со температури кои нема да го надминат тринаесеттиот степен, но со утрински минимални само до -2 оС како и променливото време со повремени врнежи од дожд треба да им овозможат на земјоделците оптимални услови за изведување на работи на отвоено, но и намален страв од било какви штети од измрзнувања.http://agrometeo.mk/website/prognoza?fbclid=IwAR2LT7cPZcyx91I0mcOj8H9vEWnaKlzJmh5CtSyvPWNMrnjU8HT0gLsKfdc

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close