fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во маркет ќе може да се плаќаат сметки за струја, вода…

Штедилници, но и продавници, ќе може да даваат платежни услуги. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој беше претставен од страна на Народната банка.

Кое било трговско друштво што ја исполнува регулативата ќе може да дава платежни услуги, објаснуваат од Народната банка

Штедилници, но и продавници, ќе може да даваат платежни услуги. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој беше претставен од страна на Народната банка. Во Законот е наведено дека платежна институција и институција за електронски пари може да биде трговско друштво основано во Република Северна Македонија, кое добило дозвола од Народната банка за давање на овие услуги.

– Од оваа година и штедилниците ќе може да даваат платежни услуги. Но, и трговски друштва може да бидат платежни институции. Така, може да одите да пазарувате и заедно да си ги платите сметките – објасни Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка на работилницата за новиот закон што се одржа викендов.

Тој е дециден дека кое било трговско друштво што ја исполнува регулативата ќе може да дава платежни услуги, а очекува дека постепено ќе заживее таа практика, односно дека трговците ќе си го најдат својот интерес за извршување на оваа услуга.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close