fbpx
ВестиМакедонија

Студено и ветровито со повремени слаби врнежи од снег

Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од утре следува период на стабилно време. До сабота ќе биде со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close