fbpx
ВестиМакедонија

Арачиновци биле насилни кога им се барало да се наплати данок на имот

Во Арачиново има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данок на имот и треба да се стави ред и поредок, кажа премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Во Арачиново има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данок на имот и треба да се стави ред и поредок, кажа премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Сител. Според истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година, Општина Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, а образложението е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

„Се плаќа, ама многу малку. Таму има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи тоа. Општина Арачиново никогаш не се развивала како што развива од 2017 година наваму. Но, ќе кажам под наводници, со државни пари. Се решаваат историски прашања, школи се реновираат, општинска зграда се гради, се гради канализација, се изгради резервоар во едно од селата во општините, се прават улици, улично осветлување“, рече Заев.https://sdk.mk/index.php/makedonija/treba-da-se-stavi-red-i-poredok-vo-arachinovo-ima-izrazi-na-nasilstvo-koga-treba-da-naplati-danok-na-imot-veli-zaev/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close