fbpx
ВестиТоп вести

 Богата програма на Културно – забавно Лето Новаци 2019

Со свечен концерт на кој ќе настапат  на Сузана Гавазова , Ален Хасанович и група Молика Оне Бенд ќе започне манифестацијата  Културно-забавното Лето Новаци 2019. Се е подготвено за манифестацијата што се организира по седми пат, а чиј старт е закажан за 27 јуни со почеток од 21 часот, соопшти организаторот на денешната прес конференција. Богато културно лето со многу настани  и гости најавија организаторите.

-Оваа година 10-тина културни настани се предвидени во програмата на Културно-забавно Лето Новаци 2019 кои ќе се одржат во повеќе населени места во општина Новаци и тоа во с.Градечница , с.Живојно , с.Бач ,с.Гермијан , с.Добромири , с.Г.Агларци , с.Далбеговци и Новаци
. Како локална самоуправа воедно и како главен покровител на манифестацијата придонесуваме за збогатување на културниот живот на сите граѓани , локален културен развој и збогатување на туристичката понуда на општината .
Очекуваме голем број на посетители на сите културни настани не само од општината, наши сограѓани туку и од целиот пелагониски регион и од другите општини, истакна Љубе Кузманоски градоначалник на општина Новаци.

Ова лето Општина Новаци ќе биде центар на многу културни збиднувања кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите љубители на најразлични жанрови од различните културни дејности, посочуваат од ПИКСИ СТУДИО задолжени за реализација на настаните.

-Ќе понудиме богата културно уметничка програма со различна тематика  етно -концерти , фолклор, хумористична театарска претстава , фолк-концерти со звучни имиња од музичката сцена, интернационална вечер на танци и игри со ансамбли од странство, детски музички фестивал со модни ревии за деца и млади ,фестивал со мини концерт со Јордан Митев итн. Програмата се подготвуваше во до слух со граѓаните и затоа оваа година имаме поголема дисперзија на културните настани со цел граѓаните на општина Новаци да имаат културен настан во своето место на живеење, истакна Благоја Стојановски -Пикси организатор на Културното лето .

Културно -забавното Лето Новаци 2019 ќе заврши на 21 Август со Фестивал на популарниот Јордан Митев .

П.Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close