
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство, соопшти Димитриевски
Серафимовски е досегашниот државен секретар на МЗШВ
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски.
Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство.
Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.
Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде стабилен партнер во владината коалиција, пренесува МИА.




