ВестиМакедонијаРурален туризамТоп вести

Христос се роди- навистина се роди! Ова е поздравот за сите верници кои го слават Божик, раѓањето на Исус Христос

Денеска е Божик, највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос

Христос се роди- навистина се роди! Ова е поздравот за сите верници кои го слават Божиќ , раѓањето на Исус Христос.

Денеска е Божик, највеселиот православен празник кoj се слави три дена.

Именден празнуваат Христо, Христина, Божин, Божица, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…

Божиќ е ден на семејството, посветен на блиските  и претставува најрадосен христијански празник.

Како што Христос бил роден во пештера близу Витлеем, затоплена и осветлена од неговите родители, се претпочита таква атмосфера да се создаде и во домот на секој верник. Со полна трпеза вкусна храна и  црвено вино, роднините ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а со тоа и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.

Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.

Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил овој празник, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање, (значи немало да го има празникот Водици), немало да има ниту Распетие и Воскресение (Велигден) ниту Вознесение (Спасовден), немало да постојат ниту празниците Духовден, Преображение, Крстовден итн.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close