fbpx
ВестиЛов и риболов

Брегалница порибена со 100 килограми крап

Членовите на Здружението на спортски риболовци „Брегалница”-Штип заедно со Државниот инспектор за води, извршија порибување на реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица.

Секретарот на ЗСР „Брегалница” Благој Димитров вели дека реката е порибена со околу 100 килограми крап, а парчињата се со тежина од 20 до 150 грама. Тој апелира до рибарите во наредните десет дена да не ловат риба на потегот од бањата Кежовица до месноста наречена Четвртиот километар.

bregalnica poribena so 100 kilogrami krap

 

– Рибниот фонд на реката Брегалница на ривер пет е во многу добра состојба, бојник имаме во изобилство, така да рибната состојба е многу добра. Членството ни е зголемено, во текот на оваа година имаме околу 500 членови, вели Димитров.

Рибарската чуварска служба и спортските риболовци годинава немаат забележано помор на рибата на реката Брегалница, која поминува низ штипскиот регион.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close