fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Брендот “FRIULI SPRAYERS” доаѓа во Македонија

Познатата италијанска компанија за производство на најразлични атомизери и прскалки позната под  брендот  “FRIULI SPRAYERS”, деновиве со свои презентации ќе се претстави пред македонските земјоделци.

За утре  (вторник) со почеток од 10 часот закажана е презентација на производите на овој бренд на плантажите на ДООЕЛ Баџо  во Гевгелија, а в среда ќе има презентација на плантажите на „Флора Фреш“ Во Цапари  битолско. Предвидено е на презентациите да бидат претставени најновите  технолошки достигнувања на овој познат светски бренд.

Фирмата Agricolmeccanica srl, позната под брендот “FRIULI SPRAYERS”, е основана во 1960 година од страна на господин Џузепе Тосоратти и 45 години ја водат  браќата Џино и Рензо.

Компанијата Agricolmeccanica srl  е специјализирана за проектирање и производство на атомизери, прскалки и небилизатори.  Денес може да се пофали со широк спектар на модели.  Брендот е познат во светот повеќе од 50 години.

– Ова  се должи на нашата постојана способност да градиме распрскувачи со долготрајна технологија, развиена во компанијата од страна на нашиот технички и производствен оддел,велат од компанијата.

Имајќи ги предвид резултатите што може да се постигнат за производите од оваа компанија пројавија интерес многу компании.

Награди што ја обележаа нивната историја

За постигнатите  успеси  што брендот “FRIULI SPRAYERS”, ги постигнува во текот на своето постоење говорат  бројните признанија:

– бронзен медал на Г.  Џузепе Тосоратти – изложба на пронајдоци и иновации во 1964 година на 66 – от  Саем во Верона .

– сребрен медал на г-дин Џузепе Тосоратти – изложба на пронајдоци и иновации во 1965 година на 67-от Саем во Верона.

– Награда на компанијата AGRICOLMECCANICA SNC на браќата Тосоратти за нова техника ЕИМА 1990 за атомизер,  “ФРИУЛИЕКОЛОГИЧ 2000”.

– Награда за компанијата AGRICOLMECCANICA SNC на браќата Тосоратти за нова техника ЕИМА 1992 за сензор за пневматски дистрибутер на полен.

– Награда на компанијата AGRICOLMECCANICA SRL на браќата Тосоратти за новата техника ЕИМА 2010 за хемиски отстранувач со рековер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close