вести

Бугарија произведе 40 000 тони соја, културата има европска перспектива

Вкупната количина на соја произведена во Бугарија е 40 250 тони.

bugarija proizvede 40 000 toni soja kulturata ima evropska perspektiva

 

Според податоците на  агростатистиката во 2015 година, засадени со соја биле 360.239 декари, а реколта има од 340.468 декари. Просечниот принос е 116.8 кг по декар.

Податоците покажуваат дека во 2016 година се намалил бројот на луѓе кои садат соја, а експертите сметаат дека тоа е поради неповолните климатски услови.

Сепак се наведува дека оваа култура има иднина, затоа што во светски рамки е потребна, но и Европа увезува голем дел.

Инаку, годишната реколта на соја во светот изнесува 150.000.000 тони. Најмногу ја извезуваат САД и Бразил, а првенствено се користи како сточна храна богата со белковини, како и во производството на маргарин.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close