Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бог се јави! Се празнува Богојавление – Водици: Празник на осветените води и духовното обновување

И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. 

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична смисла, поврзана со осветувањето на водите и јавното објавување на Светата Троица.

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, по што Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, а од небото се слушнал гласот Божји. Токму поради тоа, празникот се нарекува Богојавление, а во народот е познат и како Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води.

Поврзани новости

Back to top button