ВестиТоп вести

Глифосатот сепак не е канцероген

Доколку се користи според упатството и на адекватен начин, не постои опасност од употребата на оваа активна материја за здравјето на луѓето, објави Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА).

Глифосат, сепак, не е канцероген? Поточно, на 30 јануари, Американскатаагенцијазазаштитанаживотнатасредина (ЕПА) известидекатиего завршиле истражувањетововрскасоштетноста и заклучиледеканепостоиопасностодупотребатанаовааактивнасупстанцијазаздравјетоналуѓето и декане е канцерогена, доколкусекористиспоредупатството и насоодветенначин.

Околу глифосатот и неговото влијание на здравјето на луѓето и околината, со години се кршат копја, додека Светската здравствена организација, уште во 2015 година го класифицирала како „веројатно канцерогена материја за луѓето“.

За потсетување, Европската унија, ја продолжила дозволата за употреба до 2022 година, а поради првото сознание дека е канцероген, некои европски земји, сакале целосно да го забранат.

Во неодамнешните написи, веќе беше објасната состојбата во Германија, која стана првата земја од Европската унија, која презела силни мерки и донесла одлука во врска со забраната на овој хербицид. Одлучиле дека глифосатот ќе има дозвола до 2023 година, покрај предупредувањата на земјоделските продавачи, дека неговото укинување без иновативни и алтернативни решенија би можело да се одрази на пад на производството.

Франција, сепак имала план да ја намали употребата на пестицидите, но со одржување на високите приноси и високиот квалитет во земјоделското производство. Планот имал за цел да се намали употребата на средствата за заштита на растенијата за 50% до 2025 година. Тој неколкупати е одложуван, затоа што продажбата на такви производи, непрестајно се зголемува, така што планот изгледа недофатлив. На пример, продажбата на глифосат, во таа држава поради можноста за забрана во 2018 година, пораснала за 10%.

Глифосатот е најчесто користен хербицид во светот. Примарно се користи во земјоделството, но и за одржување на тревници и спортски терени, посебно на голф терени. Воедно, тоа е и најиспитуваниот хербицид во светот, а веројатно и оваа студија не е последна.

 

Зелена берза

Поврзани новости

Back to top button
fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet