Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност, од петок до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност, од петок до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.





