Чување на морковот во зимски услови

МОРКОВ – Технолошката зрелост настапува кога најстарите листови почнуваат физиолошки да изумираат. Од технолошката зрелост на морковот зависи и должината на чување, интензитетот на венење и гниење во текот на чувањето.

Бербата на морковот во текот на октомври е наменета за подолго чување и дава добри резултати ако температурите не се веќе многу ниски, а растенијата се во добра состојба.

Морковот може да се чува во ладилници при висока релативна влажност од 96 до 100% на температура 0-1°C во текот на 4-5 месеци.

Млад и недоволно зрел морков може да се чува 4-6 недели на температура од 0°C, ако претходно е извршено предладење.

Морков во везаници со листови се чува три недели на 0°C или во текот на 10 дена на температура од 5°C. Морковот може да се чува заедно со други растителни видови, како што се: цвекло, зелкови култури, праз, салата.

Може да се чува во подземни и надземни трапови. При трапењето помеѓу корењата може да се стави ситен и влажен песок кој го спречува ширењето на болестите и испарувањето на влажноста.

Share Button