fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев: Со субвенциите што ги нудиме покриена е и најниската откупна цена на оризовата арпа

Апелирам за разумност. Изборите се една работа, а граѓаните и Владата се друга работа. Соработката продолжува и секој пат сме тука да помогнеме – рече Заев

Оризопроизводителите добиваат субвенции од пет денари по килограм, што значи дека и најниската цена е покриена, а дополнително, како Влада, дадовме и три денари по килограм за оризовата арпа, со конечна цел да може да се надомести производниот трошок и да остане и за оризопроизводителите, истакна вчера премиерот Зоран Заев.

– Бевме подготвени овие средства да им ги дадеме на откупувачите за да ја подигнат цената на 25 денари за килограм, но тие не се согласија. Оризопроизводителите ги знаат сите чекори што сме ги презеле, бидејќи трите денари се директен државен интервенционизам што го практикуваме четири години по ред, но убеден сум дека денеска заради политички причини има блокирање на патиштата. Апелирам за разумност. Изборите се една работа, а граѓаните и Владата се друга работа. Соработката продолжува и секој пат сме тука да помогнеме – рече Заев во одговор на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови”.

Според него, оризарите никогаш не добиле поголема поддршка од сега и затоа, како што вели, се препознава кога се организираат партиски протести под превезот на земјоделци.

– Белиот ориз е веќе продаден, а протестите се за оризовата арпа. Се работи за понуда и побарувачка помеѓу трговците и оризопроизводителите. Од целото производство од 22 илјади тони оризова арпа, само 10 до 15 отсто отпаѓа на комбинатите, а другото е на индивидуалните производители. Заради тоа што комбинатите се организирани, а индивидуалните производители не, секогаш има нестабилност на цената. Производната цена на оризовата арпа е околу 20 денари по килограм, а се откупува помеѓу 17 и 25 денари, што значи дека и најниската цена е покриена – прецизираше Заев.

Владата, нагласи тој, во овие четири години од 12.000 денари ги подигна субвенциите на 18.000 денари и на 30.000 денари по хектар или пет денари по килограм произведен ориз, а при тоа го изедначи и за оние оризопроизводители без сертифициран семенски материјал. Дополнително донесена е и одлука за помош со три денари по килограм за оризовата арпа.

–Протестите на оризопроизводителите во Кочанско се организирани од претседателите на месните партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев и ги повика медиумите да ги снимат лицата на протестите и сами да се уверат во тоа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close