fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Денес  на сметките на сточарите легнаа пари од субвенции за одгледување овци

Денес  на сметките на сточарите легнаа пари од субвенции за одгледување овци

Пред една недела се исплатија субвенциите на одгледувачите на говеда, а денес од овде во с. Дихово сакам да ги известам  сите одгледувачи  на овци декасе исплатени субвенции за одбележани грла овци.

На сметките на 3213 сточари  одгледувачи на овци ќе се исплатат vкупно 607 милиони денари. Ова е само уште еднс потврда дека субвенциите се исплаќаат  навремено и неселективно . Според календарот на исплата во идниот период ќе се исплатат субвенции за кози, свињи и пчели.  Се надевам дека сточарите ќе ги искористат овие средства за набавка на нови грла овци, изјави Министерот Трајан Димковски при неговата денешна  посета на сточарска фарма   во потпелистерското село Дихово.

A.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close