Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗН

Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина.

Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина.

 

Токму во таква атмосфера на современи пристапи, практично знаење и визија за развој на секторот, Факултетот беше домаќин на значајна работна посета на претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), предводени од директорот на институцијата м-р Пеце Стојковски, при што повеќе од 30 советници и претставници од осум плански региони на државата имаа можност преку демонстрации во реални услови, да стекнат нови практични знаења и директно да ги проследат најновите технологии и дигитални решенија инсталирани во рамки на проектот: „Empowering Digital Agriculture: Modernization, Education and Sustainable Development in North Macedonia“, иницијатива реализирана со поддршка на CMSR и Владата на Република Словенија.

Посетата претставуваше многу повеќе од класична презентација на опремата. Таа беше реален приказ на тоа како изгледа современото земјоделство кога науката, технологијата и практичната примена функционираат заедно.

На експерименталното поле на Факултетот, претставниците на АПРЗ имаа можност одблиску да ги проследат функционалностите и придобивките од:

 

агрометеоролошките мониторинг системи,
паметните системи за наводнување и фертигација,
дигиталните алатки за следење на штетници,
сензорските технологии за следење на состојбата на почвата и растенијата,
современите визуелни системи за анализа на култури,
како и практичната примена на дронови во современото земјоделско производство.

Преку демонстрации во реални услови, советниците при АПРЗ добија можност не само да ја видат технологијата, туку и да разберат како таа може директно да помогне во секојдневната работа со земјоделците – преку подобро управување со ресурсите, навремено реагирање, намалување на трошоците и поконкурентно производство.

Директорот Стојковски не го криеше задоволството од реализираните активности и притоа кратко истакна: „Денешното земјоделство бара многу повеќе од традиционално искуство – бара знаење, податоци и современи технологии. Токму затоа ваквите проекти имаат огромно значење, бидејќи овозможуваат практично доближување на дигиталните решенија до земјоделците и советодавните служби. Како институција што секојдневно работи директно со производителите на терен, сметаме дека ова е јасен чекор напред кон помодерно, поефикасно и поконкурентно македонско земјоделство.“
Особено значајно е што токму АПРЗ, како институција која има директен контакт со земјоделците на терен и клучна улога во трансферот на знаење низ целата држава, преку ваквите активности дополнително ги зајакнува своите капацитети за поддршка на модерното и дигитално земјоделство.

Настанот уште еднаш потврди дека дигиталната трансформација на земјоделството повеќе не претставува идно сценарио, туку процес што веќе активно се случува и во нашата Македонија.
Воедно, посетата испрати и силна порака за значењето на соработката помеѓу академската заедница, институциите и меѓународните партнери во процесот на создавање поотпорен, поефикасен и технолошки подготвен агро-сектор.

Проектот „Empowering Digital Agriculture“ денес претставува пример како преку стратешка меѓународна поддршка, современо образование и практична примена на технологии може да се создаде нова развојна перспектива за македонското земјоделство.

Деканот на ФЗНХ, Маркоски во своето обраќања истакна: „Овој проект претставува многу повеќе од технолошка инвестиција – тој претставува инвестиција во иднината на земјоделството, во младите кадри и во долгорочниот развој на државата. Нашата цел е Факултетот да стане место каде образованието, науката и дигиталната трансформација ќе создаваат реални решенија за секторот. Веруваме дека Македонија има капацитет и знаење да биде активен дел од современите европски процеси на паметно и одржливо земјоделство.“
Со поддршката на CMSR и Владата на Република Словенија, Факултетот за земјоделски науки и храна продолжува да развива современа платформа која не само што придонесува за едукација на нови генерации агро-експерти, туку и активно учествува во процесот на дигитална трансформација на целиот сектор.

Поврзани новости

Back to top button