fbpx
ВестиТоп вести

Димковски: Градинарите изземени од викенд-забраната за движење, за другите земјоделци посебни дозволи

 

Земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди (саботи и недели) од 16:00 часот до 05:00 часот.

Другите земјоделци, пак, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството, да образложат и да остават меил за контакт. Откако Подрачната единица ќе изврши проверка на доставените податоци, ќе ги препрати до Министерството за земјоделство, а потоа и до Министерството за информатичко општество од каде земјоделците на својот меил ќе ја добијат дозволата.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски, информирајќи за вчера донесените владини одлуки, стапува во сила и Уредбата според која – додека трае вонредната состојба нема да течат роковите за прибирање понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште до три хектари.

-Заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено кај  градинарските култури, во делот на забраната за движење во викенд деновите се исклучуваат земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Тоа значи дека оваа категорија земјоделци не треба да вади посебни дозволи. Но, укажуваме, ова исклучување да се искористи исклучиво за вршење на земјоделските активности во пластениците, напомена Димковски на прес-конференција.

Тој уште еднаш нагласи дека заштитата на јавното здравје е примарна поради што, апелира, земјоделците да ги почитуваат сите препораки на Владата за заштита од КОВИД-19.

Во однос на Уредбата за земјиштето, Димковски појасни дека откако ќе заврши вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во почнатите постапки со прибирање понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште до три хектари, ќе се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close