fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Половина од последната реколта на пченица остана во амбарите поради ниските цени

Од Националната мрежа алармираат дека пазарот е преплавен со увезена пченица.

Речиси половина од последната реколта на пченица остана во амбарите. Поради ниските цени од 10 до 12 денари , на земјоделците им е неисплатливо да ја продаваат, бидејќи не можат ја  покријат ниту  цената за да произведат килограм пченица, која Институтот ја изготви и изнесува 19денари. Од Националната мрежа алармираат дека пазарот е преплавен со увезена пченица. Велат, со овој апсурд да се увезува додека нашата стои во амбарите, дополнително се дестимулираат земјоделците, пренесува Алфа.

„Ние имаме отприлика 170 илјади тони произведена пченица. Претпоставуваме дека половина и повеќе е непродадена, а за сметка на тоа имаме увоз на пченица. Пазарот ни е преплавен со увезена пченица. Ситуација е многу лоша, за полјоделците државата наместо да им помага, таа им одмогнува„ изјави Ѓорги Каракашев, претседател на Националната мрежа на џземјоделци.

Од Националната мрежа посочуваат дека погрешните политики на власта во земјоделството не поттикнува развој и конкурентност, туку несигурност кај земјоделците. Се понеизвестна е и пролетната сеидба. Земјоделците се помалку имат пари за подготовка на нивите кои кон крајот на февруари до крајот на март треба да се посеат со  пролетен јачмен, но и со други житни култури.

https://alfa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close