Дивите свињи на Водно никој не ги контролира, ама тие немале чума?!

(Oвој напис е објавен на: August 15, 2019)

Заловените диви свињи ќе се чуваат додека не ги прегледа официјален ветеринар од АХВ и додека не се добијат резултатите од лабораторија. Ако се утврди присуство на африканска чума, тие веднаш ќе бидат нештетно уништени, а ако се здрави во тој случај месото од дивите свињи ловџиите можат да го користат за свои потреби или да го стават во промет.

Во неколку ловишта околу Македонски Брод веќе е извршен отстрел на диви свињи. Додека пак во Паланечкиот регион кој е најблиску до границите со Бугарија и Србија, каде е присутна болеста африканска свинска чума отстрелот ќе почне кога ќе биде тргната забраната за движење во шуми. Отстрел на диви свињи на Водно нема да се врши бидејќи нема ловиште.
Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, концесионерите на ловиштата имаат обврска да имаат посебна просторија каде ќе ги однесат застреланите свињи. Таму тие ќе се чуваат додека не ги прегледа официјален ветеринар од АХВ и додека не се добијат резултатите од лабораторија. Ако се утврди присуство на африканска чума, тие веднаш ќе бидат нештетно уништени, а ако се здрави во тој случај месото од дивите свињи ловџиите можат да го користат за свои потреби или да го стават во промет.
Со оваа превентивна мерка ќе се намали популацијата на диви свињи кои лесно може да ја пренесат болеста и во нашата земја. Според податоците, бројот на диви свињи во земјава е трипати поголем отколку што треба.
– Пред влегување на ловците во ловиштата, ќе треба да се изврши дезинфекција, а застреланите диви свињи треба да бидат донесени на одредени локации каде ќе се зема мостра за анализа. Ако ловците најдат мрша, ќе треба да ископаат дупка и таму да ја закопаат. По овој принцип треба да се однесуваат и странските ловци кои ќе престојуваат во ловиштата во земјава, изјави директорот на АХВ, Зоран Ататанасов.
Поради опасноста од ширење на болеста, Анастасов апелира малите одгледувачи ако имаат можност да ги заколат свињите во кланиците, а месото да го стават во фрижидер или да ги дадат свињите во месната индустрија.
–Во услови на сериозна епизоотиолошка состојба во соседството и постоењето реална опасност од пренесување и ширење на болеста ги информираме одгледувачите на свињи, дека сега не е време за ваков начин на одгледување свињи. Согласно законските и подзаконските нормативи, АХВ нема да врши исплата на отштета на одгледувачите чие одгледувалиште не е регистрирано во Агенцијата, а чии свињи ќе угинат од оваа болест, вели Атанасов.
Отштета ќе добијат само регистрираните сточари кои ги имаат имплементирано биосигурносните мерки на фармите и чии евентуално заразени грла ќе бидат убиени и нештетно уништени од страна на надлежните органи. 


 

vecer.press

Share Button