fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Добар бизнис со македонскиот ајвар

Приказната за охриѓанката Катерина Василеска

Со цел да се добие меѓународна репутација, “македонскиот ајвар”, од 2010-та година е заштитен и на меѓународно ниво согласно Лисабонскиот договор за меѓународна регистрација на географските називи

Откако пиперките добро ќе се испечат, излупат, а потоа и измелат, следува приготвувањето на крајниот производ, ајварот. Целата постапка и не е баш така лесна. Оние кои го прават велат дека тоа одзема цел еден ден. Охриѓанката Катерина Василеска, вели дека е потребно време и доста работа, за да се стигне до крајниот производ.

„Од наутро од 8 часот до вечерта до 20 часот е потребно за една тура на ајвар. Мене ми е печењето најтешкиот процес и затворањето на теглите” вели таа.

Катерина покрај за домашни потреби, годинава почна да прави ајвар и за продавање. Но, вели дека се’ излегло сосема случајно.

„Имав 20 тегли плус и реков да објавам на интернет, можеби некој ќе сака да купи. Си ставив цена за која сметам дека е соодветна. И, наместо дваесет тегли ми нарачаа 200 тегли, за помалку од 24 часа“, додава таа.

За производство на ајварот користи домашни пиперки, од бавчата во нејзиниот двор, иако до минатата година вишокот пиперки ги давалa на пријатели и роднини. Вели дека од ова може добро да се заработува, ако сериозно се земе работата. Цената на една тегла достигнува и до 5 евра.

„Дава заработка според мене, подобра отколку да работам во фабрика или да одам на митинзи за некоја партија, да висам на некоја државна досадна позиција“, вели Катерина.

Брзиот начин на живот и немањето доволно време е причина што се’ помалку луѓе се одлучуваат сами да си направат ајвар, па го купуваат.

„Има многу млади, кои се на работа, кои не можат да си направат дома ајвар. Мислам дека овој капитализам, ако е воопшто капитализам, ги цеди луѓето и им го зела цело квалитетно време“, вели таа.

Со цел пак, да се добие меѓународна репутација, “македонскиот ајвар”, од 2010-та година е заштитен и на меѓународно ниво, согласно Лисабонскиот договор за меѓународна регистрација на географските називи. Со впишувањето во меѓународниот регистар тој ужива заштита во сите земји членки на овој договор.

Од Државниот завод за индустриска сопственост велат дека за територијата на Република Северна Македонија, како трговска марка, од страна на наши производители, заштитени се осум трговски марки кои го содржат во себе зборот “ајвар”.

На меѓународно ниво, од страна на наши производители има една заштита. Инаку со законот за јавна чистота во Северна Македонија е забрането печење пиперки на јавна површина, како на пример пред зграда. Казната е 50 евра, ако ја платите веднаш или 150 евра, ако биде платена подоцна.https://mk.voanews.com/a/6281643.html

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close