fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тутунот да не биде под 240 денари за килограм велат од здружението „Мице Козар“

Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30.000 семејства.

Злате Даноски, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ смета дека реалната исплатлива цена за производство е да се зголеми откупната за 20 до 25 проценти. Годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26 000 тони, реколтата се оценува на околу 18 500 тони тутун.

-За нас, оптималната цена е таа да не биде под 240 денари за килограм. Под тоа е неисплатливо. Реално е да се зголеми за 20 до 25 насто. Сето друго го доведува во опасност тутунопроизводството. Ќе нема кој да засадува, ќе исчезне од нивите, вели Даноски.

Инаку, цените по класи се, за прва 280, за втора 200, за трета 155 и 150 денари за килограм, а збирната, четврта класа е 90 денари. Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30.000 семејства. Најголемиот дел од производството е во Прилепско-пелагонискиот регион.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close