fbpx
ВестиСовети

Досетлив земјоделец: Лут на трговските центри, поставил автомат за продажба на компир 24/7

Јас сум производител на компирии сакам да го продадам мојот род, најдобро што можам, вели ирскиот претприемач чиј автомат може да продаде 140 килограми компири, односно 28 вреќи по 5 килограми компир.

Компир, компир…деновиве може да се слушне на улиците во градовите и селата. Но, се помалку се оние кои се одлучуваат на продажба на овој зеленчук на тој начин, затоа што повеќето, посебно оние кои живеат во градовите, компирот го продаваат во трговските центри. Честопати, станува збор за увезена роба, така што неретко наместо домашен, купуваме компир од некои од европските земји. Можеби дури и од подалеку.

Истовремено, домашните земјоделци, често не се задоволни од третманот и заработувачката која ја нудат трговските центри.

Еден ирски земјоделец, решил тоа да го промени, така што одлучил својот компир да го продава со помош на автомат. Гери Финеган, од покраината Лаут, вели дека супермаркетите остваруваат повеќе од 50% добивка со продажба на компир. Затоа, поставил свој автомат за продажба на тој зеленчук, од кој компирот можете да купите 24 часа дневно, пренесува Buzz.ie.

„Јас сум производител на компирии сакам да го продадам мојот род, најдобро што можам“, вели ирскиот претприемач чиј автомат може да продаде 140 килограми компири, односно 28 вреќи по 5 килограми компир.

Една вреќа компири ја продава за 5 евра.

„На овој начин, луѓето можат во било кое време од денот, да дојдат по својата вреќа со компири. Само внесуваат пари во автоматот и ја вадат вреќата, вели Финеган, кој моментално продава компир од сортата Queen, а наскоро ќе го замени со Rooster.

Се очекува, да се појават повеќе вакви случаи, каде земјоделците мораат сами да се снаоѓаат, како би можеле да ги оправдаат вложениот труд и пари, а со тоа и да преживеат од својата работа, не само во нашата и околните земји, туку како што гледаме и во западниот дел на развиената Европа.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close