fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Дрвокрадците не мируваат – стотици кубни крадено дрво запленети во струшко

Дрвокрадците не мируваат. Во Југозападниот регион од земјава секојдневно оперираат и ги пустошат шумите а пленот потоа го носат  со коњи, запрежни возила и камиони. Од охридската полиција велат дека во 59 координирани акции во струшко биле запленети стотици кубни крадено дрво. Изминатиов период фатени се три лица со седум коњи натоварени со дрва во Дебарца а пред само неколку дена и цел камион на патот Струга Дебар  .

Локалните жители од струшкото село Октиси стравуваат дека интензивната сеча околу изворите, може да предизвика ерозија и појава на свлечишта со катастрофални последици.

За илегална сеча годинава се поднесени  десетина кривични пријави но мештаните велат дека пријавите не помогнале ништо бидејќи по неколку дена групите продолжувале со старите активности.

Извор:Сител

 

Слични написи

Back to top button
Close