fbpx
Вести

Државни ниви обработуваат 63 фирми и 75 земјоделци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица во Kочани информира дека е голем интересот за начинот на користење на државното земјоделско земјиште на подрачјето на општината. Од вкупната површина од 33.286 хектари државно земјоделско земјиште, посочуваат, најголеми се површините под шуми 17.116 хектари, под пасишта 12.748, а обработливите површини изнесуваат 1.922 хектара. Од нив, ораници и бавчи се 1.555 хектари, лозја 326 хектари, овошни градини 41 хектар и ливади 30 хектари.

drzhavni nivi obrabotuvaat 63 firmi i 75 zemjodelci

 

– На подрачјето што го покрива Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Kочани имаме склучено 228 договори за користење државно земјоделско земјиште, од кои 137 договори се активни. Од нив, 63 се со правни лица и 75 со физички лица. Најголем број од договорите, 45, се склучени со лица вршители на земјоделска дејност, односно индивидуални земјоделци регистрирани согласно Законот за вршење на земјоделската дејност. Меѓу корисниците на државно земјоделско земјиште еден договор е со лице според Законот за самовработување преку Агенцијата за вработување и еден договор за плодоуживање за социјално незгрижено лице – вели Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица во Kочани.

Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Kочани во текот на минатата година работеше врз контрола над користењето со државно земјоделско земјиште, како и на наоѓање нови парцели државно земјоделско земјиште, расчистување на узурпациите и постапка за одземање на владението на неовластено користење од неовластени корисници, со цел да обезбеди повеќе расположливо земјиште во повеќе катастарски општини за да може повеќе земјоделски субјекти да конкурираат за производство на земјоделски производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close