Двајца сомборци развиле бизнис со шери домати, еве што прават

Игор Олујиќ и Давор Демоња од српскиот град Сомбор 15 години се занимавале со производство на расад, а потоа решиле да прават сушен шери домат во масло, пишува српски Блиц.

Овие млади луѓе велат дека минатата година била експериментална за барање на најдобар рецепт и истражување на пазарот.

За овој домат се одлучиле затоа што е квалитетен, сладок и има добар однос на материи во однос на друг вид зеленчук.

Го работиме целиот процес, од производство на расад, садење, сушење, полнење тегли. Минатата сезона беше пробна затоа што од пријатели и луѓе во ресторани баравме да дадат свое мислење за производите, и тие ги пофалија. Оваа сезона треба да биде прв тест за производството“ – вели Демоња.

Сушените дмати ги ставаат во мешавина од сончогледово и маслиново масло. Имаат три вида на производи до зачин, луто и со парче сирење. Во секоја тегла имаат и по една тајна состојка, а велат се почнало од еден пластеник.

Тие се поврзале со продавници за здрава храна во Србија, Словенија, Шведска. Во наредниот период планираат нови вложувања.

 


 

faktor

Share Button