Едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014-2020 стартуваше од Велес и Лозово

(Oвој напис е објавен на: January 17, 2019)

Од Велес и Лозово денеска стартуваше едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014-2020 во рамки на која ќе бидат организирани повеќе инфо денови, работилници и форуми низ целата територија на Република Македонија.

Инфо деновите се однесуваат на постапките и начинот за аплицирање за мерките 1 и 3 од програмата, во рамки на кои на располагање се 25 милиони евра.

За време на инфо денот во Велес, информираат организаторите, биле направени практични вежби во неколку работни групи за подготовка на Технички предлог проект и Деловен план на претпоставени предлог проекти за мерка 1, а бил претставен и на успешно реализиран проект од претходен јавен повик.

Едукативната кампања за ИПАРД програмата 2014–2020 продолжува утре во Штип и во Радовиш.

Рокот за поднесување на барања за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, додека рокот за поднесување на барања за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ истекува на 9-ти февруари.


 

a1on

Share Button