Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со дожд, во западните делови врнежите ќе бидат пообилни

МЕТЕОАЛАРМ за ден 19 и 20.11.2026 година. Повремено силен ветер од југозападен и западен правец (над 80 km/h).

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Можно е да е слика од мапа и текст

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Можно е да е слика од текст

Поврзани новости

Back to top button