Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Санирано оштетувањето на Алиментациониот канал на ХС „Стрежево“
При контролата беше забележано истекување на вода под конструкцијата на каналот, што беше причина за ерозија на околниот терен и поткопување на подлогата.
Санирано оштетувањето на Алиментациониот канал на ХС „Стрежево“, објави ЈП „Стрежево“ Битола
Стручните тимови ја завршија санацијата на оштетувањето на Алиментационио канал (собирен канал), навремено спречувајќи можност за поголема хаварија и дополнителни загуби на вода.
Оштетувањето на каналот беше откриено при спроведување редовна теренска контрола. При контролата беше забележано истекување на вода под конструкцијата на каналот, што беше причина за ерозија на околниот терен и поткопување на подлогата.
Интервенцијата опфати машински ископ и детална проверка на состојбата, изведба на дренажа, стабилизација на подлогата, како и внатрешна репарација и хидроизолација.
Со навремената и стручна интервенција, оштетувањето е целосно санирано, а загубите на вода се елиминирани.






