Фереро ги бара лешниците на Исламовиќ: Не можеле да поверуваат дека има такво нешто на Балканот

Пејачoт на култната група „Бјело дугме”, Ален Исламовиќ, покрај со музиката, веќе три години се занимава и со одгледување лешници.

Тој за пордалот „СдМ“ открива како стигнал до својот „агробизнис“ план.

Неговата фарма се простира на површина од 25.000 квадратни метри.
-Мојата работа на плантажата започнува од март или април па се до септември или октомври, објаснува Исламовиќ и додава дека секој слободен викенд работи таму.

Од седум дена, доволни се два за работа на плантажата, да ги навадиш, заштитиш од паразити, прскање, ѓубрење и слично. Љубовта кон земјоделието му е наследена од неговиот татко, а полето на Бихаќ е најпогодно за лешници во БиХ.

-Моите се најбараните сорти на светскиот пазар за производство на чоколади, масло … Работам и на брендирање на мојот производ „Лешник од Уна“, а тоа ќе биде за неколку години.

Планот на Исламовиќ е кога ќе дојде време тој да се пензионира капацитетот на фармата да биде помеѓу 10-15 тони лешници. Тој исто така истакна дека за неговиот производ има многу заинтересирани, особено од странство, од Швајцарија, Австрија и Фереро Рошер.

-Фармата ја одржувам со дозволените пестициди за ЕУ. Доколку го пробате мојот лешник, не би поверувале, како да сте изеле лажичка Нутела, вели Исламовиќ, кој веќе испратил примероци за анализа во Швајцарија и добил позитивен одговор. Швајцарците не можеле да поверуваат дека има такво нешто и дека расте на Балканот.

-Можеби некој мисли дека мене нешто ми треба. Мене ништо не ми треба, јас сум среќен дедо кој годинава очекува многу внуци, објаснува познатиот пеач.


 

brif.mk

Share Button