
Филипче – Катастрофалната состојба во земјоделието нема да се смени со новиот министер
Филипче меѓу оризарите
Лидерот на СДСМ Венко Филипче се сретна со производителите на ориз од Чешиново – Облешево. “Оваа Влада го уништи секој сектор во земјоделството. Попладнево разговарав со земјоделците, производители на ориз, во Општина Чешиново-Облешево. Она што го видов и слушнав е поразително и трагично.
Оризот од минатата година скапува по амбарите затоа што нема откуп. Половина од произведениот ориз не е откупен. Трошоците за производство растат, а најавите се дека откупната цена ќе биде само околу 20 денари за килограм, двојно пониска од периодот кога СДСМ беше на власт.
Ова е резултатот од целосната незаинтересираност на Владата на ВМРО за луѓето што со децении ја хранат Македонија. Земјоделците се разочарани, многумина веќе не гледаат иднина во оризопроизводството.
Катастрофалната состојба во земјоделството нема да се смени ниту со новиот министер за земјоделство. Сѐ е тоа една иста организирана криминална организација, на чело со Мицкоски, на која не ѝ се важни земјоделците, туку партиските тендери.
Земјоделците не заслужуваат ваква власт, која кога им е најтешко ги остава сами да се борат за својата егзистенција”, порача Филипче.




