fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Фотоволтаиците се поставуваат на земјиште кое не е соодветно за производство на храна, вели Ковачевски

Денеска постојат и нови технологии –агриволтаик со кои под фотоволтаичната централа може да се одгледуваат и одредени земјоделски култури, а тоа го работи францускиот Акио, вели премирот.

Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Добар дел од постојните фотоволтаични централи се направени на покривните површини на индустриските капацитети, а од оние што се направени на земја најголем дел се направени на земјиште кое е над трета категорија и не е соодветно за производство на храна. Ние сме прва земја која ја почна транзицијата на стари рудни наоѓалишта како што е Осломеј каде веќе е направена фотоволтаична централа од 10 мегавати, завршени се процедурите преку јавно-приватно партнерство за изградба на нови 100 мегавати, како и на уште една 10 мегаватна централа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по завршувањето на настанот #МКЕкономија „Довербата расте”.

Тоа, како што кажа, практично значи дека производството на 120 мегавати електрична енергија од јаглен ќе биде заменето со 120 мегавати производство на Сонце. Се прават планови истото да се направи и во РЕК Битола.

-Денеска постојат и нови технологии –агриволтаик со кои под фотоволтаичната централа може да се одгледуваат и одредени земјоделски култури, а тоа го работи францускиот Акио. Проектен тим на Владата работи на нивниот проект, бидејќи тие сакаат да инвестираат 400 мегавати во околината на Штип. Сметам дека тоа е еден чекор напред како може да има и производство на електрична енергија и производство на храна во исто време, рече Ковачевски.

За разлика од европските земји кои инвестирале во фотоволтаични централи уште пред 10-тина години, како што посочи, ние до 2016 година сме имале инсталирано само 16 мегавати, бидејќи регулативата претходно го ограничувала инвестирањето.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close