fbpx
ВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Голем интерес кај земјоделците за ИПАРД 2 Програмата

Земјоделците не треба да се плашат од подготвувањето на документацијата. Потребни се  7-8 документи  кои може да се обезбедат за два до три дена максимум, изјави за Зелена берза Бојан Геровски референт за комерцијална продажба во Синпекс Битола.

По објавата на Јавниот повик  за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата  за Мерката 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“  се забележува голем интерес кај земјоделците. Повикот трае до 14 април и дотогаш заинтересираните имаат можност да ги комплетираат документите и да ги испраќаат до агнецијата.

Како што информираат од Синпекс Битола која е една од најголемите компании кои се застапници и вршат дистрибуција на голем број светски брендови на земјоделска  и приклучна механизација интересот кај земјоделците е многу голем.

Приколки во разни големини, плугови, мулчери, прскалки, тањирачи, сетвоспремачи се производите за кои се покажува интерес од страна на земјоделците.

Вработените во Синпекс забележаа дека за овој повик земјоделците се  информирани и знаат што да бараат. Ги има и оние што не се информирале добро, но затоа таму има кој да им помогне за да може да го направат вистинскиот избор кој за нив ќе биде најрационален и ќе им  служи најдобро.

-Некои земјоделци се информирани и ги знаат условите и критериумите , но  ги има и оние кои не ги прочитале добро условите и критериумите во повикот. Во такви случаи им објаснуваме што може да набават во зависнот од тоа со колку земја располагаат. Најважно што треба да знаат земјоделците  е  тоа  дека треба да располагаат со најмалку 1 ха земјоделска површина за да може да бидат корисници на средства од овој  ИПАРД. Кај нас ја добиваат најквалитетната  механизација . По направениот избор им даваме профактура и  ги  упатуваме во подрачните единици на АПРЗ  кои се должни да им го изготват деловниот план. Земјоделците не треба да се плашат од подготвувањето на документацијата. Потребни се  7-8 документи  кои може да се обезбедат за два до три дена максимум, изјави за Зелена берза Бојан Геровски референт за комерцијална продажба во Синпекс Битола.

Најмногу доаѓаат земјоделци од Пелагонискиот регион, не заради тоа што оваа компанија се наоѓа во овој регион, туку фактот што овде има најголем број на земјоделци. Секако од оваа компанија можат да ги услужат и земјоделците од  другите региони во земјата преку нивната дилерска мрежа.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Повикот  им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестиции  во повеќе сектори : растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close