Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Голема финансиска поддршка за земјоделците – се предлага раст на буџетот за лозови насади, за ајварката, но и оризот и сточарите

Опозицијата предлага конкретни интервенции: дополнителни осум денари по килограм за продадено винско грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и помош за незабраното грозје. 

Пратениците од редовите на опозициската партија СДСМ поднесоа Предлог-закон за финансиска поддршка во земјоделството со кој се бара итна поддршка за македонскиот аграр во износ од четири милијарди денари или над 65 милиони евра од државниот буџет.

Предлог-решението веќе е во собраниска процедура, а како што посочуваат пратенциите, целта е да се ублажат тешките последици од економската криза врз земјоделското и сточарското производство. Сепак, со оглед на тоа што предлогот доаѓа од опозициските редови, сè уште е неизвесно дали владејачкото мнозинство во Собранието ќе даде зелено светло за да се изгласаат овие измени.

Предложениот закон доаѓа како одговор на сериозниот јаз меѓу високите производни трошоци и ниските откупни цени со кои се соочуваат производителите.

– Потребата од предлог на ваквото законско решение произлегува од состојбата на пазари во 2026 година, особено кај пченицата, оризот, винското грозје и градинарските производи, каде што откупните цени во одредени сектори не обезбедуваат покривање на производните трошоци – стои во предлог зеконот.

Опозицијата предлага конкретни интервенции: дополнителни осум денари по килограм за продадено винско грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и помош за незабраното грозје.

– Предлог законот предвидува финансиска поддршка за произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, за евидентирани лозови насади кои не реализирале откуп, како и за пиперката „ајварка“, пченицата, говедата за производство на млеко и месо и за оризова арпа. Во јули 2026 година беше објавено дека производната цена за сортата „Вранец“, утврдена врз основа на Методологијата за пресметка на трошоците за производство и пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје, изнесува 21,8 денари за килограм. Во Предлог законот се предлага дополнителна поддршка од 8 денари по килограм продадено грозје.

Предложеното решение предвидува дополнителен приход и обезбедување поголема економска одржливост на производството. Кај пченицата согласно објавените податоци во јуни 2026 година, производителите укажуваат дека производната цена на пченицата, поради зголемените трошоци, достигнала над 20 денари по килограм, при што се наведува дека производните трошоци се зголемиле за 2 до 3 денари по килограм. Во август 2026 година, пак, откупната цена на пченицата во Пелагонија се движела меѓу 9,5 и 10 денари за килограм, а земјоделските здруженија побарале интервентна поддршка од 5 денари за килограм. Предлог законот предвидува 5 денари дополнителна поддршка за килограм продадена или складирана пченица. Со тоа, доколку се земе актуелната откупна цена од околу 9,5–10 денари, приходот со предложената поддршка би бил околу 14,5–15 денари за килограм, што сè уште е под производната цена од над 20 денари за килограм која ја наведуваат производителите на пченица – се истакнува во законското решение.

Предлог-законот содржи и конкретни мерки и за производителите на ориз, но и за сточарите.

– Кај оризовата арпа состојбата е уште поалармантна. Во јули 2026 година беше објавено дека откупната цена на оризовата арпа се движи од 18 до 20 денари за килограм, што според податоците објавени за состојбата во секторот претставува приближно половина од производната цена. Но во исто време има уште 10.000 тони неоткупен род од претходните две жетви.

Со овој Предлог законо се предвидува дополнителна поддршка од 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа., дополнителни десет денари по килограм и 200.000 денари по хектар за пиперката „ајварка“, каде што претходните пазарни договори за откупната цена потфрлија, како и десет денари поддршка по килограм за оризовата арпа, каде што цените покриваат едвај половина од трошоците.

Кај пиперката, иако во август 2026 година беше постигнат договор откупната цена за пиперката што се предава на преработувачките капацитети да изнесува 30 денари за килограм, истиот не беше испочитуван. Поради тврдењето дека најголемиот дел од родот припаѓа на втора и трета класа.

Со овој Предлог законот се предвидува дополнителни 10 денари поддршка по килограм, како и дополнителни 200.000 денари по хектар за засадените површини со „ајварка“. Со ова приходот од откупот би се зголемил за околу 40 денари за килограм.

Предлог законот опфаќа и поддршка за говедата за производство на млеко и месо во износ од 8.000 денари по грло, при што условот е за истото говедо да била остварена финансиска поддршка во 2025 година и животното да е евидентирано кај корисникот и во 2026 година – се укажува во законското решение кое веќе е пред пратениците.

Фактор.мк

Поврзани новости

Back to top button