fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделецСоветиТоп вести

Големи штети од невремето во Валандово и Струмица

Во Валандовско силниот ветар проследен со дожд и град искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили.

Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, општинските служби, ТППЕ и екипи на ЈП „Комунален сервис“ се на терен по големото невреме кое ја зафати општината.

„Настанатите штети ќе можат да се пријават од утре во архивата на Општина Валандово. Да бидеме внимателни, смирени и солидарни“, објави Костадинов на фејсбук.

Во Струмичко вечерва околу 18 часот ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенираше на отстранување на падното дрво на патниот правец Муртино-Банско, на излезот од Банско кај Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско“.

Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните, кои се движаат со своите автомобили, на крајно внимателно управување.

„Доколу ве зафати силно невреме отстранете се од сообраќајот и паркирајте се на првото безбедно место. Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, стои во апелот на струмичките пожарникари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close