Вести
Градот ги уништи земјоделските насади во кумановскo, земјоделците се жалат, штетата не е проценета
Дождот беше добредојден, но не и градот, за земјоделците од Кумановскиот и Липковскиот регион. 24 часа по поројните дождови, земјоделците се жалат дека се уништени насадите. Земјоделските насади беа единствената егзистенција на многу семејства од овој регион. Еден земјоделец рече дека треба повторно да ја посее нивата.
Земјоделците се песимисти. Не веруваат дека некој ќе ја надомести штетата.
Од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат информации од Хидро-метеоролошкиот институт за количината на дожд по региони, а потоа ќе формираат комисија која би требало да излезе на терен за проценка на штетата од невремето.