Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тешка сообраќајка на Плетвар – еден загинат од битолско возило

Прекин на сообраќајот кај Плетвар колони возила

ИНФОРМАЦИЈА ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПЛЕТВАР! – Тешка сообраќајка на Плетвар. Превртен камион со битолски регистарски ознаки. Едно лице го загубило животот, информираат од прилепската Брза помош. Несреќата се случила околу 18 часот. Сообраќајот е во прекин. Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри. Видео Ѓорги Ѓоргиевски за АПЛА.мк Според Македонија пат Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Според СВР Битола – Денеска (26.06.2026) бо 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на с. Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало. Увидот е во тек. Сообраќајот е во целосен прекин.

Поврзани новости

Back to top button