Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Храната поскапува, месото руши рекорди, а земјоделците стравуваат од нова криза

Земјоделците стравуваат од нова криза

Покрај месото, зголемување на цените има и кај зејтинот и пченицата, а високите цени на ѓубривата може драстично да го поскапат овошјето и зеленчукот

Светот повторно се соочува со силен раст на цените на храната, а главниот виновник овојпат не се само климатските промени или нарушените синџири на снабдување, туку и продлабочената геополитичка криза на Блискиот Исток. Според најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), глобалните пазари на храна во април бележат трет последователен месечен раст, поттикнат од високите енергетски трошоци, растот на цените на нафтата и сериозните нарушувања предизвикани од кризата околу Ормускиот Теснец.
ФАО предупредува дека ситуацијата почнува да создава нов притисок врз светската економија и врз потрошувачите, бидејќи растот на цените не се ограничува само на еден сектор, туку ги погодува житарките, растителните масла, месото и транспортот на храна на глобално ниво. Индексот на светските цени на храната, кој ги следи движењата на меѓународните цени на најтргуваните прехранбени производи, во април достигнал 130,7 поени.

 

Поврзани новости

Back to top button