fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Најнова вест-Продолжува откупот, ама и протестите на тутунарите

И откуп и протести во исто време, а во петок ќе се направи пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот. Ова вечерва Прилеп беше одлучено на повторната средба помеѓу Министерот за земјоделство и тутунарите која се одржа во зградата на Општина Прилеп

 

И откуп и протести во исто време, а во петок ќе се направи пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот. Ова вечерва во Прилеп беше одлучено на повторната средба помеѓу Министерот за земјделство и тутунарите која се одржа во зградата на Општина Прилепм, откако откупувачите не го испочитуваа договорот од петокот. Министерот Хоџа рече дека сите се согласуваат дека тутунот годинава не е со ист квалитет како лани, но тоа било за нијанса, а не цели 2 класи.

-Комуникацијата на дистанца што ја водевме посебно со откупувачите, посебно со производителите кажува две вистини. Една на откупувачите, една на тутунарите. И заради тоа јас инсистирав за да имаме еден неделен пресек за тоа да знаеме како ќе се одвива откупот. Од страна на откупните центри морам да кажам дека нема некоја логичност во нивниот исказ дека имало лош тутун во оваа реколта. Точно е дека има за нијанса послаб, но немора да значи дека тој тутун е за 2 класи понизок од лани. И самите производители се свесни дека не може да се постигне ланската цена и ланскиот квалитет, ама тоа не мора да значи дека е до тој степен лош тутунот оваа година колку што започнаа да го ценат самите откупувачи, рече Арјанит Хоџа, министер за земјоделство.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите рекоа дека не добиле никакви гаранции дека откупот и затоа протестите ќе продолжат и понатаму.

-Нас ни треба гаранциии за откупот. Откупот треба да трае од утре па се до крај на реколтата со исто темпо, во сите градови, со сите откупувачи. Не е мерило дека откупот во овие 5 дена ќе биде добар, па во следните лош, па потоа уште полош и ништо нема да добијаме. Бараме значи само тоа откупот да трае од почетокот па се до кракот на исто ниво, ништо друго не бараме. Сите Комбинати да почитуваат иста линија, таа гаранција да ја дадат кон државата. Еве кон нас ни ги дадоа и не излажаа за што ние сме револтирани и не им веруваме повеќе и затоа од утре ќе има протест. Од четврток Иницијативниот одбор нема да ги закажува протестите луѓето ќе се собираат спонтано, сами за да не биди ИО гарант за сето ова, бидејќи револтот ќе се зголеми, а револтот носи и други работи. Така што од четврток протестите ќе бидат самоиницијативни, истакна Игор Мирчески, од Иницијативен одбор на тутунари.

Од Сојузот на земјоделци рекоа дека доколку до петок не се покачат цените, од понеделник ќе ги повикаат тутунарите и поверениците да ги блокираат откупните пунктови.

-Ние како Сојуз ќе го поддржиме штрајкот ќе излезиме со нив и секогаш ќе бидеме со тутунарите. Нема да дозволиме да му се земи тутунот за две класи подолу, кажа Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

Протестот е утре од 10 до 12 часот кај месноста Заполшки мост со блокада на магистралниот пат Прилеп-Скопје.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close