fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Има пари за млекопроизводителите

Премија за произведено и предадено млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира млекопроизводителите дека успешно е реализирана исплатата на премиите за произведено и предадено млеко.

До сметките на 4.311 млекопроизводители исплатени се 277,9 милиони денари. Со реализираната исплата опфатени се фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година.

Вредноста на премијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и 6 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Ова е досега најголемата исплата реализирана кон сточарите во еден ден. Како министерство остануваме посветени на секој еден земјоделец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close