fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

In memoriam- Почина Ефтим Шаклев, претседателот на Асоцијацијата на земјоделци

Земјоделците изгубија еден голем борец за нивните права. Почина Ефтим Шаклев.
Ќе остане запаметен помеѓу земјоделците по своите дела и неуморните застапувања во најзначајните периоди од развојот на македонското земјоделство. Тој беше претседател на федерацијата на фармерите а пото долги години беше и претседател на Асоцијацијата на земјоделците. Последните години беше избран и за претседател на здружението на одгледувачи на свињи – Гицко и токму последните години оваа сточарска гранка е единствената која има постојан раст и развој и по производните резултати е рамо до рамо со европските. Голем пријател загубија и новинарите и медиумите кои го следат земјоделството бидејќи во секое време беше достапен за коментари и ставови во врска со сите теми поврзани со аграрната политика.
Нека му е вечна слава

Слични написи

Back to top button
Close