fbpx
ВестиТоп вести

Информативен настан и обука за започнување на фазата планирање на распределба на земјоделско земјиште во процесот на консолидација на земјоделско земјиште

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје, проектот финансиран од Европската унија МАИНЛАНД, кој го спроведува ФАО заедно со МЗШВ, организира информативен настан за главните партнери во проектот, како и обука за геодетски компании, по повод започнување на фазата на планирање на распределба на земјоделското земјиштето во четири консолидациони подрачја во државата – Соколарци и Спанчево во Општина Чешиново-Облешево, Логоварди и Оптичари во Општина Битола.

На настанот поздравни обраќања имаа Нефрус Челику, државен секретар при МЗШВ и Кристина Митиќ Арсова, ФАО/ Проект МАИНЛАНД.

Настанот е составен од две сесии. Целта на првата сесија е да се информираат главните партнери во проектот, вклучително МЗШВ, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, Агенцијата за катастар на недвижности, Комората на овластени геодетски фирми, единиците на локалната самоуправа и организациите на земјоделци за отпочнување на нова фаза во консолидацијата на земјоделско земјиште, односно започнување на теренски активности на планирање на распределбата на земјоделското земјиштето во вкупно четири подрачја, по две од брегалничкиот и пелагонскиот регион, односно во Соколарци, Спанчево, Логоварди и Оптичари.  На втората сесија, избрани геодетски компании од земјава – Гео Монд и Цветковски Консалтинг, ќе добијат обука за подготовка на планови за распределба на земјоделското земјиште со промена на граници  и за различните технички барања за успешно спроведување на планирање за распределување на земјиштето во четирите консолидациони области.

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште”  – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО.  Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година, со очекувано продолжување од една година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси

Слични написи

Back to top button
Close