fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Невработеноста во Македонија повторно бележи намалување

Во првото тромесечје од 2022 година активното население во земјава изнесува 811.197 лица, од кои вработени се 691.498 граѓани, а 119.699 лица се невработени. 

Невработеноста во Македонија повторно бележи намалување, и во првиот квартал оваа година падна на 14,8 проценти. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, каде е посочено дека во првото тромесечје од 2022 година активното население во земјава изнесува 811.197 лица, од кои вработени се 691.498 граѓани, а 119.699 лица се невработени.

– Стапката на активност во овој период е 55,3, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 отсто. При обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно со податоците од Пописот 2021 – се наведува во соопштението на ДЗС.

Споредено со истиот квартал 2021 година, се забележува намалување и кај активните граѓани, и кај невработеноста. Па така овој период минатата година стапката на активност била 56 отсто, стапката на вработеност 47,1 процент, додека стапката на невработеност изнесува 16 отсто.

Додека во четвртиот квартал од 2021 година, стапката на активност била 55,7 отсто, стапката на вработеност 47,3 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 15,2 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close