Интервју со Проф. д-р Владимир Какуринов извршен директор на консалтинг и тренинг центар Клуч и редовен професор на северно кавкаскиот федерален универзитет, Ставропол – Русија

 

  

Професоре дали воопшто имаме потреба да делуваме и да размислуваме за дозволување на ГМО производство во Македонија ?

-Нема никаква потреба од тоа. Македонија има доволно ресурси да произведува храна заради што производството на ГМО храна е тотално непотребно. Она што е за одбележување е дека околу ГМО храната има многу контроверзии што е факт. Тие контроверзии доведоа до состојба и во светот веќе не се знае што е наука, што не е наука, што е факт а не е факт или е прикриен факт, така што Македонија одлуката што ја носи за производство и промет на ГМО храна не е добра. Како пример ќе ви кажам дека во нашата земја државните органи не знаат што прават. Министерот за земјоделство на почетокот на 2018 година ја потпиша европската декларација за соја. Во која што се вели дека заедно со останатите потписнички од европската унија ќе се труди да има земјоделски само одржливо општество и дека ќе се труди да биде земја без ГМО култури. Од друга страна имаме агенција за храна која што сака да донесе правилник во кој се наведува дека во Македонија ќе се произведува и пушта во промет храна со ГМО. Можеби намерата на агенција за храна и ветеринарство била друга но штом се користат зборови како производство и промет на ГМО тоа значи дека ќе бидеме отворени и за култивирање и за внесување на суровини за производство на таква храна и за пуштање на таква храна во промет на сопствените граѓани.

 

Дали тоа ни е обврска од Европската Унија. Што се случува во Европа. Какви се таму регулативите и како тие се однесуваат кон ГМО?     

-Европските земји си ги штитат своите потрошувачи. Се што треба Македонија да направи е да си ги заштити своите граѓани. Тоа треба да биде главното што треба да го работат државните органи. Во Европската Унија и овозможено на секоја земја самата да одлучи дали ќе дозволи производство и култивирање на ГМО организми. Да разликуваме едно е производство на земјоделски култури односно  нивно одгледување а друго е производство на храна. Претежно земјите во европа имаат забрана за култивирање а се дозволува увоз но е и производство и промет на ГМО храна до 0,9% означена. Тоа важи за сите земји во Европска Унија.

Имаше информација дека во пет земји од Европа е дозволено ГМО ?

-Во Европа во пет земји е дозволено одгледување ГМО. Тоа се Шпанија, Португалија, Словачка, Чешка и Романија. Но ситуацијата е драстично променета и таму. Прво почна во Романија одгледувањето на ГМО кое што во 2016 година е прекинато потполно. Затоа што е откриено дека една министерка за земјоделство во два мандати и една друга министерка во еден мандат дозволувале и поттикнувале да се дозволи производство на ГМО во Романија. Но откриено е дека едната била директорка на компанијата за научни истражувања на Монсанто а втората била маркетинг директор на компанијата Монсанто за Европа. Од тој момент натаму сите работи во Романија стануваат јасни и прекинува било какво одгледување нa ГМО. Во однос на Чешка и Словачка. Во Словачка вкупно се одгледуваат 7000 хектари под ГМО култури додека во Чешка само 75 хектари односно еден производител. После сите случувања околу спојувањата на Баер со Монсанто, по скандалот со Глифосатот во Америка но и пред тоа поради побуната  на потрошувачите во Словачка и Чешка но и затоа што никој не сака да ја купува нивната пченица и тие во 2016 забрануваат садење на нови површини и обновување на старите површини под ГМО. Така што во следните години во овие две земји нема да има ниту една култура, ниту едно стебленце со ГМО. Во Шпанија и во Португалија исто така се менува ситуацијата. Во Шпанија се намалени посевите за 4% додека во Португалија за 10%. Значи дури и тие пет земји што дозволуваа култивирање, во три веќе не се сади а во останатите две драстично се намалуваат површините.

Најсилен аргумент зошто ќе се дозволи ГМО кај нас е дека немало научни истражувања и потврда дека тоа е штетно за здравјето на луѓето ?

-За да објаснам мора прво да зборувам за две работи кои беа страшно контроверзни европа и светот  и она што се случува со научната литература за ГМО. ЌЕ почнам прво со ДДТ кое беше откриено 1874 а во 1939 беше утврдено дека е инсектицид и се користеше секаде во светот. Во 1965 година во Америка излезе една книга ,,Тивка пролет,, каде што се тврдеше дека ДДТ не само што има канцерогено и мутагено својство  врз живите организми и човекот туку дека штетно влијае врз био диверзитот и животната средина. Борбата траеше десет години во Америка за во 1972 година да се донесе забрана за ДДТ. Во меѓувреме се бунеа многу компании, меѓу кои Монсанто беше најгласна бидејќи најголем производител на ДДТ беше Монсанто. За жал тоа не се прошири во Европа каде што се забрани ДДТ дури во 2001 година која што забрано важи од 2004 година. Американците не го забранија поради луѓето кои умираа или мутагените својства туку затоа што белоглавиот американски орел почна да изумира односно лушпата на јајцето стануваше многу тенка и изумираа. Откога се донесе забранат се врати популацијата на орелот. Она што сакам да го потенцирам е дека откога се забележаа првите својства на канцерогеност на ДДТ до конечното укинување поминаа 65 години во кој огромен период сите научни истражувања се прикриваа или замаглуваа за јавноста.  Баер и Монсанто се споија и имаат вкупен профит од 54 илјарди евра од кој од агрохемикалии имаат 19,7 милјарди евра профит што е поголем дури и од медицинските лекови по кој беше познат Баер. За следните 6 години предвидени се Баер да даде 16 милјарди евра за научни истражувања за ГМО. Пресудата која што е донесена овие денови во САД за човекот кој се разболе поради Глифосат што е препарат кој се користи задолжително со одгледувањето ГМО култури за кои Мосанто и Баер и денес тврдат дека нема научни податоци дека е канцероген доведе до тоа да се појават 4 илјади тужби во Америка. Она што е утврдено сега врз основа на кои се темели пресудата е дека е најдено преписка меѓу Монсанто и научно истражувачките центри кои ги финансирал во кои се вели дека е откриен потенцијална канцерогеност на Глифосатот но добиваат препорака тоа да не се објавува во јавност. Веднаш по оваа пресуда во Бразил е забрането да се продава било кој пестицид што има во себе било колку Глифосат. Во Франција и Италија министрите за земјоделство и животна средина изјавуваат дека Глифосатот од оваа година ќе се намалува или веднаш ќе се забрани.

Македонија и онака има проблеми со пласманот на земјоделското производство уште ни фали да не бие глас дека имаме и ГМО производство. Дали сме контрадикторни како држава. Воведуваме се поголеми субвенции за органско производството  а ќе дозволиме законски одгледување на ГМО. Која е препораката до надлежните додека се уште има време ?

-Препораката е комуницираат државните институции меѓу себе за да не бидеме смешни пред светот. Кој и брани на Македонија за да ги заштити своите потрошувачи и граѓани да го примени принципот на предострожност. Тоа го прават сите паметни земји. Овој принцип вели: Не сакам да умре ниту еден човек за да имам доказ дека сум во право, туку предострожно ќе направам нешто за да не умре никој. Ако понатаму некаде се докаже дека не сум бил во право можеби ќе дозволам ама ако се докаже дека сум бил во право сум го заштитил својот потрошувач. Потрошувачите немаат време да се занимаваат со оваа работа во детали. Тие не се научници или вработени во министерство за земјоделство и агенција за храна. Тие мора да бидат заштитени. Државата мора да мисли прво на нив а за тоа да го направи мора да го примени принципот на предострожност како и сите останати умни земји во Европа треба да го направиме и тоа што тие го прават. Забрана за култивирање на ГМО култури и само дозволен увоз на прехрамбени продукти до 0,9 % што е техничко загадување и тука да се застане. Македонија има доволно површини и земјоделци за да има само одржливо производство.

Зелена берза

 

Share Button